Почитувани колеги, почитувани читатели,

Го подготвивме и седмиот број на списанието Galenika Medical Journal!

Во списанието кое го имате пред вас ќе се запознаете со најновите дела и искуства на во-дечките експерти од земјите од регионот, од областа на дерматологијата, психијатријата, карди-ологијата, анестезиологијата, пулмологијата, општата и ортопедската хирургија, хирургија на хранопроводникот… Во овој број ќе ги прочитате делата напишани од: Проф. д-р Александар Симиќ (Србија), Проф. д-р Ehrenfried Schindler (Германија), Проф. д-р Маја Шурбатовиќ (Србија), Проф. д-р Ката Шакиќ Здравчевиќ (Хрватска), Проф. д-р Снежана Миниќ (Србија), Проф. д-р Ненад Лаловиќ (Република Српска – Босна и Херцеговина), Проф. д-р Горан Белојевиќ (Црна Гора), Проф. д-р Чедомир Вучетиќ (Србија), Проф. д-р Душица Симиќ (Србија), д-р Бојана Вујовиќ (Црна Гора), Проф. д-р Дејан Симеуновиќ (Србија), Доц. д-р Јелена Сотировиќ (Србија), Доц. д-р Маја Лачковиќ (Србија), Асист. д-р Јелена Јанковиќ (Србија) и нивните колеги.

Ги акредитиравме и електронските тестови под-готвени од авторите на делата што ги објавивме од почетокот на издавањето на списанието до денес. Според одлуката за акредитација на Здравствениот совет на Србија и Лекарската комора на Црна Гора, секој тест се оценува со одреден број поени, кои можете да ги искористите за продолжување на лиценцата. Во Македонија и Босна и Херцеговина ќе биде потребно сертификатите кои ќе ги добиете со решавање на тестовите да ги верификувате кај надлежните комори, почитувајќи ги пропишаните процедури на здравствените органи на овие земји за признавање на сертификати кои беа стекнати со посетување на акредитирани програми за континуирано образование надвор од матичната земја.

Направивме соодветни измени и на платфо-рмата за континуирана медицинска едукација (akademijazakme.edu.rs), така што лекарите од регионот сега можат да решаваат тестови на нивниот мајчин јазик (српски, македонски, босански, црногорски).

За да ги решите тестовите на платформата, потребно е да отворите корисничка сметка следејќи ги упатствата што ќе ги најдете кога ќе пристапите на платформата. Направете го тоа денес – сами или повикајте дежурен администратор кој ќе ви отвори сметка! Телефонскиот број на дежурниот администратор е +381 60 3443361, а оваа услуга е достапна седум дена во неделата од 08:00 до 22:00 часот. Регистрираните читатели можат да ги користат тестовите – бесплатно! На последните страници од ова издание ќе најдете списоци на тестови кои можете да ги користите. Тестовите се акредитирани за сите специјалности од медицинската струка, а според темата ќе можете да ги изберете оние кои се блиски до дејноста што ја вршите. Со скенирање на QR кодот кој се наоѓа до името на тестот, ќе добиете повеќе информации за неговата содржина. Потоа информирајте го дежурниот администратор кој тест сакате да го решите, за да ви овозможи пристап до содржината на избраниот тест. Убедени сме дека на читателите, со сите активности што ги презедовме значително им го олеснивме собирањето на бодовите за продолжување на лиценцата, особено ако се има предвид дека се ближи крајот на годината, кога ова прашање станува многу актуелно.

За сите дополнителни прашања, можете да не контактирате со јавување на +381 11 6184998 и/или +381 60 1485511.

Проф. д-р Драгољуб Ѓокиќ, 
главен и одговорен уредник на научното списание
Galenika Medical Journal, 
основач и претседател на Академијата
за континуирана медицинска едукација

ЗБОРОТ НА СПОНЗОРОТ

Драги колеги,

ГАЛЕНИКА, еден од најсилните брендови што со децении достојно ја претставува фармацевтската индустрија на Република Србија, оди чекор понатаму, со нескриена желба да помогне во развојот на силно професионално размислување во здравствената заштита на пациентите.

Свесни дека бурните времиња носат големи предизвици, особено за оние кои храбро стојат на првите борбени линии на заедничката борба, решивме да го поддржиме создавањето на ново научно списание од позиција на генерален спонзор, наменето за вас кои несебично секојдневно вложувате труд и знаење во зачувување на здравјето на нашето население.

Цврсто веруваме во идејата дека експертизата нема алтернатива и дека само со потпирање на медицината базирана на докази можеме да бидеме победници над секој постоечки и иден здравствен предизвик. Како компанија која со децении има препознатлива и неразделна улога на секојдневно ниво на вашата професионална пракса, заедно со вас се спротивставуваме на секоја болест или состојба на нашите пациенти, не пршувајќи за часови, денови, недели и години посветеност, туку фокусирани на стремежот кон здравствените придобивки на секој поединец. Денес, сакаме да помогнеме повеќе од кога било, сакаме да ги направиме референтните медицински податоци достапни за секој здравствен работник во нашата земја, на нивниот мајчин јазик. Решивме да успееме на тој пат и да не прашуваме колку труд ќе вложиме во оваа мисија.

Благодарение на храброста и професионалниот капацитет на Академијата за континуирана медицинска едукација, се раѓа ГАЛЕНИКА МЕДИЦИНСКОТО СПИСАНИЕ (GALENIKA MEDICAL JOURNAL), научниот билтен на Академијата за континуирана медицинска едукација. Силно веруваме дека оваа единствена стручна литература ќе биде корисна поддршка за вашиот понатамошен професионален развој.

Сакаме да го кажеме тоа на наш начин

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ ШТО ПРАВИТЕ.

Вашата Галеника

УПАТСТВО НА РЕЦЕНЗЕНТИТЕ